Во Кочани преставен Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје

Од:

Во организација на Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани, денеска беше преставен Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје со три проекти.

Беше преставен проектот „Улогата на Институтот за фолклор Марко Цепенков од Скопје во зачувувањето и презентирањето на македонската традиционална култура“ за што пред присутните зборуваше професор д-р Зоран Малинов, директор на Институтот.

Потоа, своја презентација пред прустните имаше и професор д-р Јасминка Ристовска Пиличкова, раководител на Одделот за материјална култура при Институтот на тема „Везови и плетеници од депото на Институтот за фолклор“, а од останатите активности беа презентирани Музичко-фолклорните традиции во источниот дел на Македонија, од страна на професор д-р Родна Величковска, раководител на Етномузиколошкиот оддел при Институтот.

– Со претставувањето на овие три активности, имавме за цел на граѓаните на Кочани да им ја доближиме поцелосно активноста на Инстиутот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скојпе, како установа која на државно ниво се грижи за зачувување на културното, етнолошкото, фолклорното и музичкото богатство на нашата земја, изјави Кристина Атанасова Арсова, директор на Центарот за култура од Кочани.

Посетителите можеа да се запознаат со богатиот македонски вез и плетеници преку изложбата поместена во фоајето на Националната установа во Кочани.

Би можело да ве интересира

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он