Во Кочани изложени ликовни дела од колонијата „Карпино“

Од:

Во Ликовниот салон на Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше отворена ликовна изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015“ од Куманово.

На отворањето присуствуваше и уметничкиот раководител на колонијата Мирослав Величковски, која зборуваше за инспирацијата на уметниците во создавањето  на своите ликовни дела.

– Досега во изминатите 13 години, на колонијата „Карпино“ учествуваа 150 уметници од Македонија, но и од речиси сите балкански држави и пошироко од Европа, кои оставија ликовни дела кои се во трајна вредност на Колонијата. На минатогодишната колонија учествуваа  уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина  и Унгарија кои создадоа 35 ликовни дела во повеќе видови техники. Во Кочани  се изложени 25 дела работени во акрил на платно и комбинирана техника, истакна Зоран Павловски, претстедател на Здружението на граѓани Карпино, која е организатор на колонијата.

На присутните им се обрати и Александра  Димитрова, раководител на Секторот за визуелни уметности при Центарот во Кочани, која ја истакна соработката со колонијата „Карпино“ од Старо Нагоричане и најавата дека во наредните месеци ќе следуваат уште неколку изложби  со дела од познати ликовни колонии кај нас, меѓу кои и од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2015“ од Пробиштип.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“