Вечерва пред платото на Центарот за култура во Кичево започнува десеттиот по ред, Меѓународен фолклорен фестивал на народни песни и ора „Д-р Владимир Полежиноски“, во организација на НУЦК „Кочо Рацин“ и Министерството за култура на РМ.
Оваа година на фестивалот ќе настапат културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Кипар и од Македонија.
– Покрај учеството на фестивалот, ансамблите и друштвата ќе ги посетат и културните знаменитости на Кичево и Охрид. Долгиот список на учесници и понудениот квалитет на програмата, се надевам дека ќе биде доволна причина да се остане во градот во овие топли летни денови, рече Маја Силјаноска координатор на фестивалот.