Во КИЦ изложба на слики „Портрет на публиката” од Дафина Шекутковска

Од:

Изложба на слики од Дафина Шекутковска насловена „Портрет на публиката“ вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

На изложбата ќе биде изведен и перформансот „Луѓе од бетон“ заедно со организацијата „КУЛТУРНО ЕХО“ – Скопје, за да се поттикнат размислувања за новиот Генерален урбанистички план за Скопје.

-Воедно, ќе биде најавен и подкастот „Скопје ќе се гради? Што со новиот генерален урбанистички план 2023-2033?“ со цел да се зголеми партиципативноста на граѓаните, и да подлежи на хумани и еколошки начела, информира авторката на изложбата.

Дафина Шекутковска е родена во Скопје на 04.07.1990. Ги завршува своите студии по теоретска физика на УКИМ, а потоа магистрира на Обновливи извори на енергија на ФЕИТ и Варшавскиот Универзитет за Технологија, по што четири години работи како професорка по Физика.

Учествува во групна изложба во Саатчи галеријата – Лондон во 2018 година. Дел од нејзините дела беа прикажани во Ноушенс магазинот од Сингапур во 2019 година. Во 2020 година има самостојна изложба „Бифуркации“ со 47 дела во НЛБ Галерија, Скопје. Понатаму во 2021 година е сценограф, директор и продуцент на краткиот филм „Столче“, подржан со грант од Норвешкото министерство за култура, организацијата Стичинг Уметност 1, Скопје Филм Фестивал и Квир и Мигрантски филмски фестивал, кој е прикажан на Лифт-Оф фестивалот во Англија и во Кинотека на Северна Македонија. Во 2021 година има и самостојна изложба со наслов „Убавината на квантните честици и образовниот систем“ во Монтажна галерија – дел од Центарот за современи уметности. Во 2022 година има самостојна изложба со наслов „Јазик + Информациска контрола“ во просториите на Младински образовен форум. Истата година има ретроспективна изложба во склоп на настанот Културно лето Вевчани.

Изложбата ќе биде отворена до 24 април.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“