Во Дојран советување на музејските работници од Македонија

Од:

Дојран денеска ќе биде домаќин на советување на музејските работници од Македонија на тема „Музеите и културните предели“ во чии рамки ќе биде истакната одговорноста на музеите за нивното опкружување, со оглед на тоа што нивната основна функција е гриѓа за наследството, без разлика дали е тоа внатре или надвор од нивните ѕидови.

Во рамки на советувањето во Дојран ќе биде одбележана 20-годишнината од формирањето на Синиот штит и 14 години од формирањето на Македонскиот национален комитет на Синиот штит, проекти кои се дел од годинашнава програма за финанирање на проекти од национален интерес на Министерството за култура.

Во реализација на овие проекти се вклучува и општина Дојран од каде информираа дека нивен претставник утре ќе ја изнесе и предлог идејата за формирање музеј на отворено под името „Дојрансски фронт“.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска