Во Битола премиера на театарската претстава „Аудиција“

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер ќе ја изведе премиерата на театарската претстава „Аудиција“ од Александар Галин во режија на Благој Мицевски.

Во „Аудиција“ ќе настапат актерите Јулијана Стефанова, Александар Копања, Марија Стефановска, Соња Ошавкова, Јулијана Мирчевска, Борче Ѓаковски, Петар Горко, Васко Мавровски и Соња Михајлова која ќе ја одигра улогата на Варја Волкова.

– Ликот на Варја Волкова го доживувам како предизвик, состојба која во животот секому се случува, конфликти кои треба да се разрешуваат, а самата аудиција претставува шанса за надминување на проблемите. Меѓутоа не секогаш во дадени околности, општествени или лични, можностите и реалноста не се преклопуваат и тоа доведува до расчекор кој содржи комични елементи, и тие верувам дека публиката која вечер ќе дојде на премиера ќе ги препознае, истакна актерката Михајлова во пресрет на премиерата на „Аудиција“.

Режисерот Мицевски претставата ја подготви во соработка со драматургот Оливера Павловиќ, сценографот Валентин Светозарев и друг стручен кадар во Битолскиот театар.

-По завршувањето на премиерата, од утре почнуваме со подготовки на уште една театарска претстава. Станува збор за театарскиот проект „И коњите ги убиваат, зар не!?“ кој се работи според романот на Хорас Мек Кој, во режија на Мартин Кочовски, информира Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска