Во Битола почнува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Од:

Со дефиле на фолклорни групи и друштва од државата и светот кое ќе се одржи на Широк Сокак и со орото „Комитско“ кое ќе се одигра на отворена сцена во поранешното ракометно игралиште, вечер во Битола почнува 49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

На петте фестивалски вечери, стандардизирани според Светската асоцијација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ, во Битола ќе настапат играорци од три континенти кои ќе ги презентираат националната традиција, фолклорни богатства и култури.

Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на големиот културен настан информираат дека фестивалот 49 години се организира во чест на народната култура и безбројните народни уметници кои од градот под Пелистер, на Илинден, ќе испратат пораки за мир, љубов и пријателство.

Според програмата, на првата фестивалска вечер ќе настапат КУД „Илинден“- Битола, ансамбл „Македонија“- Скопје, културно уметничките друштва „Ристо Донев учителот“- Штип, „Русалии“ од Секирник, „Јане Сандански“ од Неготино, „Китка“-Истибање и „Ибе Паликуќа“ од Скопје, а од странство на фестивалската сцена ќе се претстават гостите од Белгија, Индија, Израел и Мексико.

Републичкиот фестивал на народни песни „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска