Во Битола почнува фестивалот „Локум фест – музика и традиција“

Од:

Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ продолжува со своето 14. издание кое во наредните три дена ќе се одржува во пациото на Завод и Музеј-Битола.

Фестивалот со целовечерен концерт ќе го отворат „Чалгија саунд систем“, утревечер ќе настапат „Баклава“, а ќе заврши со концерт на групата „Љубојна“, најави организаторот Тодор Ивановски.

– Инспирацијата на фестивалот е старата традиција во градот на конзулите, средби со кафе и локум. Се обидуваме да ја одржиме таа традиција бидејќи е важна за нашето културно наследство, но и за заживување на културниот туризам во нашиот град, истакна Ивановски во пресрет на вечерашниот почеток на 14. „Локум фест“ во Битола.

Ивановски посочи и дека фестивалот ќе се одржи со задолжително носење заштитни маски, бројот на влезници ќе биде ограничен, а посетителите ќе доаѓаат еден час порано пред секој концерт.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска