Во 2012-та повеќе филмови и киногледачи од претходната година

Од:

За 36.8 отсто имало повеќе филмски проекции и 149.2 отсто поголем број посетители на кината во 2012-та отколку во 2011 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вкупниот број проекции бил 689, од кои 88 на домашни филмови и 512 на странски. Најмногу проекции, 377, имало во општина Карпош, а потоа следуваат: Центар со 144, Битола со 92, Охрид со 30, Свети Николе со 25, Кочани со 13 проекции.

Од вкупно 297.943 посетители на кината во 2012-та, најмногу биле во кината во општина Центар (182.235). Повеќе биле посетени странските филмови (193.779 гледачи), а на проекции на домашни филмови биле 80.643 посетители.

Статистика посочува дека во Македонија минатата година работеле 14 кина – три во општина Центар, две во Карпош и по едно во општините Охрид, Струга, Пробиштип, Кочани, Свети Николе, Битола, Гевгелија, Куманово и Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата