ВМРО-ДПМНЕ: Вработувањето на Нора Шаќири е спроведено без конкурс, без јасни критериуми за работата

Од:

„Соросовите платеници брутално почнаа да ги трошат парите на граѓаните на Република Македонија преку Министерството за култура.

Министерството за анти-култура и Роберт Алаѓозовски продолжуваат со вработување на партиски кадри на сите нивоа во министерството.

Според информациите кои излегоа во јавноста најнов случај е вработувањето на Нора Шаќири како дел од тимот на Алаѓозовски.

Ова вработување, како и сите останати е спроведено без конкурс, без јасни критериуми за работата, без дефинирана позиција надвор од сите норми и стандарди без запазена процедура.

Плукањето по сите проекти во културата на кои работеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, особено „Скопје 2014“ им се исплатеше на дел од платениците кои први влегоа во министерскиот кабинет.

Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Никола Наумовски, Мирослав Грчев, Петрит Сарачини се дел од шарената платеничка револуција која со месеци дивееше и ги тероризираше граѓаните на Република Македонија.

Вработувањето на сите овие ликови во Министерството за култура е само еден од многуте претходни случаи на масовни вработувања, не по клуч на професионалност, туку по клуч на пријателства, непотизам и политички интерес.

Покрај директорски позиции недолго по преземањето на власта, СДС под државна капа ги стави и други партиски членови, активисти на Сорос, твитерџии и комедијанти кои причинија огромна материјална штета на културните објекти низ Скопје.

Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Бранимир Јовановиќ, Дарко Лешоски, Влатко Васиљ и многу други се дел од долгата листа на ново вработени по државните институции.

Ваквите вработувања мора да престанат.

Граѓаните умеат да ги препознаат овие штетни политики и затоа казната ќе стигне на 15-ти октомври“, изјави Владимир Атанасов.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Шопен под отворено небо со Дино Имери

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата