ВМРО-ДПМНЕ: Со смената на директори Алаѓозовски ги партизира институциите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека министерот за култура ги прогонува по политичка и идеолошка основа сите луѓе кои се означени како противници.

– Срамна, незаконска и незаборавена ќе остане неговата акција на чистки и на политички прогон која тој ја нарече „ослободување на институциите од влијанието на Никола Груевски“. Алаѓозовски мисли дека ако тој самиот се нарече ослободител граѓаните ќе му веруваат и не гледајќи го што прави, истакна на прес-конференција Крсте Јовановски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека без голема моќ на расудување е одлуката на Алаѓозовски на средина на „Охридско лето“ да го смени директорот на фестивалот од политички причини.

Според Јовановски, Алаѓозовски докажал дека него и неговата партија не го интересираат професионалци, туку смената на директори е произлезена да ги партизира сите институции.

– Чистките во Охрид продолжија со незаконското разрешување на исклучително успешниот професионалец Тања Паскали-Бунташеска, Управата за заштита на културното наследство се лиши од еден професионален директор. Алаѓозовски противзаконски го разреши и директорот на Охридскиот театар Горан Стојановски кој учествувал во повеќе од 20 премиери и повеќе од 6000 претстави откако е формиран театарот во 2011 година. Со неговото доаѓање на чело на институцијата Стојановски успеал и да го намали нејзиниот долг за 62 проценти за само една и пол година, рече Јовановски.

Додаде дека смените се противзаконски и без потпис од службите и дека оштетените имаат право да тужат а тие, како што рече, ги охрабруваат да го направат тоа.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски