ВМРО-ДПМНЕ обвини за партиски вработувања во Министерството за култура

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во тимот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски за специјален советник за култура на Алаѓозовски е именуван Златко Теодосиевски кој, според нив, е уште еден партиски војник поставен на функција.

– Теодосиевски, исто како и Грчев, Ѓунер Исмаил, Сашо Тасевски и останатите, стана дел од тимот за лечење фрустрации во културата преку сеење омраза, воден и координиран од Роберт Алаѓозовски и неговите сталинистички методи за пресметка со неистомислениците. Златко Теодосиевски во својот најнов текст поплука врз споменот на Тоше Проески и Мајка Тереза, згрозен што Македонија решила да им оддаде почит на овие великани преку изградба на музеи, изјави пред Министерството за култура Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Теодосиевски кој во својот творечки опус немал ништо освен навредливи колумни и еден негативен извештај од времето кога бил директор на Националната галерија, сега е, вели, лут на починати реализирани и светски признати уметници од Македонија и се противи, додава, против тоа што нивното дело е достојно уважено од Република Македонија.

– За ваквото неспособно делување наскоро ќе следи политичка одговорност, а за незаконското работење и кривична, вели Милошевски.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски