Влезот во Музејот на Македонија бесплатен на меѓународнот ден на музеите, 18-ти мај

Од:

По повод Меѓународниот ден на музеите – 18-ти Мај, влезот во Музејот на Македонија на 18 мај 2018 година ќе биде бесплатен. Во таа пригода, на посетителите ќе им биде подарена по една публикација.

По истиот повод, заедно со илјадници музејски институции низ целиот свет, Музејот на Македонија и годинава ќе земе учество манифестација „Ноќ на музеите“.

Овој значаен настан посветен на движното културно наследство ќе се одржи на 19 мај 2018 година. Во таа пригода, во 21:00 часот ќе биде одржан концерт на групата Next to Silence. Музјот ќе биде отворен во ноќните часови, од 19:00 до 1:00 ч. по полноќ.

Влезот ќе биде бесплатен, а посетителите ќе имаат можност да ги проследат следниве музејски содржини:

Постојани поставки:
Етнологијата во Македонија – народни обичаи, традиционални музички инструменти, народни носии и накит, покуќнински предмети, народни ткаеници, традиционални занаети, нардоно стопанство и традиционална архитектура
Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940 – 1949

Привремена изложба:
Ликовни дела на Васко Ристовски „Македонска наивна уметност“

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска