Навредена од односот на својот колега и сега актуелен директор Драган Спасов – Дац, кој без да ја информира зошто веќе неколку месеци не ја става на репертоар „Госпоѓа министерка“, проговори отворено и жестоко за состојбите во МНТ, за поделбите на наши и ваши, за општата културолошка слика, за менаџерските можности што може да донесат повеќе средства за уметност.
„Никој не смее да ме дискредитира, релативизира, ниту шовинизира“, вели Петрушевска, која своите животни битки ги води сама, фронтално и ги презира оние што забодуваат нож во грбот.