(ВИДЕО) Вељановски: Итно да се повлече Националната годишна програма на Министерството за култура и да се донесе нова, правичена и објективна

Од:

„Како одминува времето и како стручната јавност ја анализира Националната годишна програма на Министерството за култура, така доаѓаме до се поскандалозни сознанија. Имено, освен оние чии имиња досега излегоа во јавноста со забелешка дека имаат конфликт на интереси за работата во стручните комисии, на листата на поддржани автори за 2018-та година се јавуваат и имињата на некои од членовите на Советот за култура на Министерството за култура: Весна Гиновска Илкова, Владимир Милчин, Маја Бојаџиева, Решат Амети“, рече Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најстариот македонски детски музички фестивал „Златно славејче“ кој постои веќе 48 години и со кој пораснаа илјадници генерации деца, доби само 200.000 денари од програмата за култура, а во исто време се одвојуваат 300.000 денари за реализација на една песна на само едно дете. За ова реагираше и детската амбасада Меѓаши, но срамното образложение на министерот е дека артистот не смеел да се остави без средства без разлика на неговиот минат труд.

Сојузот на албанските артисти АРТ Тетово, кој патем е регистрирано за лов, за само еден од трите проекти чија вкупна сума изнесува 2.400.000 денари, добил рекордни 900.000 денари за проектот „Запознавајќи ги нашите вредности“, додека на Сојузот на композиторите на Македонија за музичката манифестација „Струшка музичка есен“, која има 42 годишна традиција, се доделени само 150.000 денари.

Дали бројни докажани уметници и професионалци останаа неподржани, само поради тоа што немале блиски врски со Претседателот на Комисијата за музичка и музичко сценска дејност, Васо Ристов, кој од друга страна пак, преку комисијата каде што тој е претседател доделил 1.480.000 денари на Факултетот каде што тој е продекан. Дали ова не е пример за класичен конфликт на интереси?! Истата комисијата доделува огромни средства и за повеќе студентски фестивали и натпревари во кои досега Ристов редовно се јавува како организатор и член на жирито. Меѓународниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ каде продеканот досега бил редовен член на жири комисијата добил вртоглави 1.300.000 денари.

Проектите на своите најблиски соработници – професори и студенти на Факултетот за музичка уметност од комисијата се наградени со близу 12.000.000 денари. На својата колешка Весна Ѓиновска Илкова, која истовремено е и член на Советот за култура во Министерството за култура, комисијата и доделила 210.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно да се повлече годишниот програма и да се донесе нова, правичена и објективна.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се повлечат членовите на комисиите кои одлучуваат за одобрување на средствата поради очигледен судир на интереси и да се постават нови.

ВМРО-ДПМНЕ цени дека ваквиот годишен план за култура само ја уназадува културата и придонесува за девалвирање на културата и на македонските културни вредности“, изјави Роберт Вељановски.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски