Италијанскиот тенор Андреа Бочели вечерва одржува велигденски концерт во празната катедрала Дуомо во Милани во обид со неговиот глас да пробуди надеж за целото човештво.
Неговиот настап е пренесуван во живо на „Јутјуб“, а тој изјави дека не станува збор за концерт туку „прилика за заедничка молитва за Милано и за целиот свет“.
Концертот го следат речиси половина милион луѓе од целиот свет.
„Да ја прегрнеме оваа планета Земја со пулсирачки срца. Дарежливото, храбро и проактивно Милано и цела Италија ќе биде повторно и наскоро победнички модел, мотор на ренесансата“, рече тој.