Видео фестивал за планинско трчање „Луѓе како нас“

Од:

Видео фестивалот за планинско трчање „Луѓе како нас“ годинава ќе се одржи во среда во киното „Фросина“.

Фестивалот се одржува втора година по ред, а го организира „ЕХО – фестивал за планински филм“, ПСД Макпетрол и организацијата за промоција на планинското трчање ТРЕКС со поддршка на Алгасан.

Сите заинтересирани ќе имаат можност да проследат кратки или нешто подолги филмови кои се однесуваат на планинското трчање, односно трчање во природа пред се по неасфалтирани патеки, мали шумски и планински патеки, па дури и на терен без патеки.

Покрај презентацијата на 12-те филма, во рамки на фестивалот ќе има и тема на вечерта „Каде се движи планинското трчање?” на која ќе учествува ултрамаратонката од Србија, Тања Стојановски.

Организаторите посочуваат дека во последните години овој тип на спорт и рекреација добива огромен број на приврзаници од повеќе причини пред се почистиот воздух, директниот контакт со природата, соочувањето со себе и со своите стравови и граници и нивно пробивање и надминување, како и поради дружењето и меѓусебното помагање. Растојанијата што се трчаат може да бидат од неколку километри до неколку стотици километри, а на оние места каде што е премногу стрмно, не се трча туку се оди, но генерално секој се труди да трча што е можно поголем дел од патеката.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата