ВИДЕО: Документарен филм за актерот Игор Маџиров

Од:

Игор Маџиров (детето со црвената коса) беше еден од најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија. Неколку генерации деца го знаат од серијалот „Светот на бајките“, а имаше и бројни улоги на театарските штици и на ТВ екраните.

Деновиве се појави најавата за документарниот филм „Интервју за Игор” посветен на животот и делото на актерот Игор Маџиров кој ќе биде промовиран на фан-страната на Фејсбук, на тринаесетгодишнината од неговата прерана смрт на 20 февруари.

Познат по улогите од серијалот „Во светот на бајките” во кои го глумеше „Малиот Петар”, „Петар Гаван”, улогата во „Пред дождот” – нашиот кандидат за Оскар, но и по многу други улоги во Театарот за деца и младинци. Во неговиот матичен театар, во периодот од 1993 до 2000 година Игор Маџиров глумеше во над 500 одиграни претстави, меѓу кои „Могли” -детето од џунглата, „Убавицата и Ѕверот”, „ Крале Марко”, „ Пуфи Паф”, „Спомени во ноќта”… Ако на тоа се придодадат уште толку во приватниот театар “Мира Лектира” ќе се стигне до импозантната бројка од 1.000 одиграни претстави за деца. На најмладите во ’90-тите Игор Маџиров им се претстави и во 9 светски познати бајки во продукција на МТВ, а во пет од нив ги одигра главните улоги. Последната претстава во неговиот живот беше „Убавицата и Ѕверот” која ја одигра осум часа пред неговата смрт.

Документарниот филм „Интервју за Игор” (детето со црвената коса) е инспириран од животот, делото и смртта на актерот Игор Маџиров.

Снимен е во соработка со неговите пријатели, колеги и со дозвола на семејството Маџирови.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ