(ВИДЕО) Алаѓозовски: Цензурата на критичката уметност станува тажен тренд во Македонија!

Од:

„Jа искажуваме нашата длабока загриженост и револт поради најновата цензура на уметничкото дело на реномираната македонска авторка Ирена Паскали.

По минатогодишната забрана на делото на групата ОПА и негативните реакции на делата на младиот автор Велимир Жерновски, оневозможувањето на јавната и критичка уметност, која е легитимен уметнички жанр, станува тажен тренд во Македонија.

Забраната и цензурата на овој тип уметност ја става нашата земја во редот на светските диктатури и создава многу лоша слика за Македонија“, изјави на денешната прес-конференција Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

„Ја прашуваме министерката Канческа Милевска дали воведувањето на цензурата и забраната за изложување на критичката и јавна уметност е успешно реализирана стратешка цел од Планот за развој на културата?

Фактот што авторката не може да најде билборд компанија, која од најчист економски интерес ќе ги постави нејзините дела, говори за степенот до кој стравот од власта ја оневозможува пазарната економија во земјата и создава заробено општество.

По скандалот со Паскали јасно е дека во Македонија не може да се создава ниту уметност.

Го повикуваме Советот за култура при Министерството да одржи вонредна седница по повод овој негативен тренд и да препорача националните институции да го стимулираат создавањето на критичка уметност во отворени јавни простори. Како што пред неколку години препорачаа да се прави кабаре.

Националната галерија и Музејот на современа уметност ги повикуваме да се јават како етички покровители на делото на Паскали и да го овозможат неговото изложување пред  јавноста“, рече Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ