Вечерва завршува 48. МТФ „Војдан Чернодрински“

Од:

Годинешниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ завршува денес, кога жири-комисијата ќе ги соопшти наградите за најдобрите остварувања по категории и гран-при наградата за најдобра претстава во целина.

Во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Ах, љубов моја“ по текст и режија на Коле Ангеловски, а во изведба на Театар „Комедија“ од Скопје,со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

За претстедателот на Советот на фестивалот и уметнички директор, Петар Темелковски,Фестивалот прераснува во гигант на драмската уметност кај нас. Според неговите оцени, сите претстави во официјалната конкуренција се извондредни.

Како што изјавува тој, оваа година МТФ понуди квалитетна програма со ангажирани претстави со што ова културно случување уште еднаш го оправда своето речисипетдецениско постоење.

 Театарот во Македонија опстојува посветено и самопрегорно, се движи секоја година по нагорна линија – изјави Темелкоски

За оценка на претставите ќе се погрижат Васе Манчев- писател, Мустафа Јашар – актер и Јани Бојаџи – режисер и сценарист.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска