Вечерва во Театар Комедија премиера на „Човек, ѕвер и доблест“

Од:

Вечерва во Театар Комедија премиерно ќе биде изведена претставата „Човек, ѕвер и доблест“ од Л. Пирандело, а во режија на врвниот режисер од Србија, Егон Савин. По цели 20 години Савин повторно потпишува режија во нашата држава, а честа ја имаше токму најдобриот и најпосетуваниот театар – Театар Комедија.

Трите чина на оваа несекојдневна комедија се мајсторски спакувани во само час и петнаесет минути долга претстава која, покрај духовитата содржина, изобилува и со многу карактеристики на семејна драма – што се случува кога ќе престанеме да ги носиме секојдневните „маски“? Кој е всушност човекот, а кој ѕверот, и колку е „доблесна“ и непорочна нечија доблесност?

Стилски одмерено и маестрално, Савин ни донесува една класична, а сепак модерна претстава, низ која умешностите на актерите успева да ги извлече до нивниот максимум.
Костимите им беа доверени на костимографката Елена Дончева и асистентката Ивана Угуровска, а сценографијата ја потпиша Весна Поповиќ.

Во „Човек, ѕвер и доблест“ играат: Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Тони Денковски, Ева Скендеровска и Кристина Ласовска.

Репризата е закажана за утре (24 декември, вторник), а следната изведба е на 27 декември (петок).

Со оваа премиера Театар Комедија ја заокружи годишната програма за 2019 година.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска