Вечерва во Музеј на град Скопје изложба на фотографии „78 спомени од албумот на еден пријател на Скопје“

Од:

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на фотографии „78 спомени од албумот на еден пријател на Скопје“, која е донација од Италија по повод 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Донатор на фотографиите е Лучано Алиеви од Милано, кој во февруари годинава му ги подарил на музејот. Фотографиите се извадени од албум кој во годините по земјотресот од 1963 го издало Новинско-издавачкото претпријатие „Нова Македонија“. Алиеви го купил албумот во книжарница во Белград и бил трогнат зашто таква катастрофа го погодила и италијанскиот регион Абруцо.

– Негова желба беше да ги подари овие фотографии на градот на кој му припаѓаат. За Музејот на град Скопје донацијата е значајна бидејќи го збогатува фондот на фотографии од катастрофалниот земјотрес. Но чинот на донирање е уште позначаен бидејќи е израз на пријателство помеѓу македонскиот и италијанскиот народ, кои по несреќите делат исти судбини, соопшти МГС.

Изложбата ќе биде збогатена со едукативни содржини на тема „Катастрофален земјотрес“ и ќе трае до 29 мај.

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон