Вечерва стартува фестивалот „Де:сонанз“

Од:

Фестивалот на електронска музика и медиумски уметности „Де:сонанз“ е еден од водечките настани во земјата и во регионот во промоцијата на модерната музика и мултимедијалната уметност. Својата репутација фестивалот внимателно ја негува и на седмото издание, што почнува вечерва и ќе трае до 7 септември во МКЦ и на повеќе локации во Скопје.

На програмата на годинашното издание се над 40 музички настапи, изложби и мултимедијални перформанси. Главната програма на седмиот „Де:сонанз“ (de:sonanz) ја сочинуваат артистите Монолејк (Monolake) и Објект (Objekt) од Берлин, Германија; Електрик Индиго (Electric Indigo) од Виена, Австрија; Дисфонија (Disphonia) од В. Британија и Грција; Атом/Аутпут (Atop/Output) од Белград, Србија; Абдукт (Abduct) од Мексико и Марија Б. Џоунс (Marija B. Jones) од Лондон, В. Британија.

desonanz

Поддршка од екипите на домашната сцена доаѓа од BTKRSH, D2, „PMG Recordings“, „Drop Series“, DSPH, „Ако никој не свири“, а предвидени се и работилници, изложби, филмска програма, афтерпарти и денска програма.

Фестивалот негува и програма на мултимедијални уметнички настапи, меѓу кои неколку светски премиери и концертни промоции на нови дела од македонската сцена, како Александра Петрушевска и Александар Гроздановски (Херцел) – „Два“ (аудио-визуелен танц-перформанс), Димитар Додовски и Јуџо – „Potential Worlds“ (поезија / аудио / видео настап), концертна промоција на албумот „Мис Слобода“ на Телемама и концертна промоција на новиот албум на групата „Демек“.

Фестивалот „Де:сонанз“ е поддржан од Гете институт – Скопје.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром