Вечер на Синедејс филмови од Серебреников, Верховен, Нику и Чанг во Гала програмата

Од:

На 20. јубилеен Фестивал на европски филм – Синедејс денеска во рамки на Гала програмата се дела на Кирил Серебреников и Пол Верховен.

Во Градски парк во терминот од 20:30 часот може да се погледне „Грипот на Петров“ („Petrov’s Flu“) во режија на Серебреников. Филмот следи ден од животот на стрип-цртач и неговото семејство во постсоветска Русија. Додека боледува од грип, Петров оди на долга прошетка со својот пријател Игор, при што постојано се движи меѓу фантазијата и реалноста.

Од 23:00 часот е проекцијата на „Бенедета“ („Benedetta“) на Верховен. Калуѓерка во Италија во 17 век страда од вознемирувачки религиозни и еротски визии. Таа има своја придружничка и односот помеѓу двете жени се развива во романтична љубовна афера.

Денешната програма ќе започне со проекцијата во Кино Милениум во 18:00  на филмот „Ане ја нема“ („Ane is Missing“) во режија на Давид Перез Санудо. Според сижето, Лиде работи како обезбедување на локација каде што се гради железничка пруга, проект што има предизвикано бран од ,протести. Една вечер, по долга ноќна смена, си доаѓа дома и забележува дека ќерка ѝ Ане ја нема. Загрижена, прави претрес низ работите на Ане. Многу брзо ќе сфати дека ќерка ѝ е активистка на радикално политичко движење, вмешано во организацијата на терористички напади. Нема време за губење, мора веднаш да ја најде Ане.

Во Паркот Ибни Пајко во 21 часот ќе се прикажува „Застој“ („Deadlock“„) ( МК / ЕУ) во режија на Винко Модерндорфер..Средба меѓу две брачни двојки од две различни социјални класи, кои навидум немаат ништо заедничко. Но една несреќа и трагичен настап судбински ги спојуваат овие луѓе во една ноќ и најверојатно до крајот на нивните животи. https://cinedays.mk/pr/zastoj/

Во терминот од 23 часот е „Корзиканско лето“ („A Corsian Summer“)  на Паскал Тањати кој  е дел од Официјална селекција за режија: Лето на Корзика. Во корзиканско планинско селце, секој го искусува летото на свој начин: деца си играат, тинејџери флертуваат, а постарите седат во локалниот паб и си муабетат за поминувањето на времето. Среде августовската горештина, малку треба за да се крене тензија додека едно семејство се труди да го потисне гневот. Понекогаш обична мала искра е доволна да распали сѐ.

Во Кино МКЦ ПАРК од 21:30 ќе може да се погледне  „Јаболка“ („Apples“) филм на Христос Нику како дел од ГАЛА програмата за режија. Духовита филмска алегорија за силното влијание на емоциите врв човековата меморија и улогата на современата технологија во ова. Арис, самец во доцните триесетти години, станува жртва на необјаснива амнезија, која го зафаќа градот и приморан е да замине на експериментално лекување. Терапијата, која го води Арис да преживее искуства од младоста и раната зрелост, кулминира со средба со Ана, жена која поминува низ сличен третман за амнезија. Нивната средба ќе го натера Арис да ги преиспита своите постапки и да донесе некои нови одлуки.

Од 23:30 е филмот „Минари“ („Minari“), нежна и длабока приказна за семејните корени, на Ли Ајсак Чанг, исто така дела од ГАЛА програмата за режија.  „Минари“ следи корејско-американско семејство што се сели на мала фарма на Арканзас, во потрага по својот Американски сон. Семејниот дом комплетно се менува со доаѓањето на нивната лукава, вулгарна, но исклучително грижлива баба. Меѓу нестабилноста и предизвиците на овој нов живот на карпестите планини Озарк, „Минари“ ни ја прикажува непобитната издржливост на семејството и суштинското значење на домот.

Во рамки на POPUP кино на Езерце Градски парк во 20:30 следи премиерно прикажување на филмовите продуцирани во рамки на проектот „72 ЧАСА ЕКО ФИЛМ“, во кој учествуваа млади луѓе (на возраст од 16 до 20 години). Секој тим направи филм за 72 часа на дадена еко тема. https://cinedays.mk/pr/72-casa-eko-film/

Од 22:30 следи проекција на кратки филмови од BAFTA 2020: „Стапица“ во режија ба Lena Headey, „Дедо ми беше романтичар“, режија: Maryam Mohaher, „Во нејзини чизми“, режија: Kathrin Steinbacher, „Волшебниот брод“, режија: Naaman Azhari, „Азар“, режија: Myriam Raya, „Златна рипка“, режија: Hector Dockrill и „Камали“, режија: Sasha Rainbow

Билетите за 20. Cинедејс чинат 100 денари, за сите концерти и филмови, освен за филмовите од POP-UP кино, кои се бесплатни. Можат да се набават на www.bileti.mkc.mk, а со секој купен билет за филм, има и пропусница за cinEmusic програмата предвидена за тој ден.

Распоредот на термини и локации предвидени за филмските проекции може да биде променет поради најавите за дожд. За сите промени известуања навреме информации на  www.cinedays.mk event: и на https://www.facebook.com/events/148256677273227/.

Би можело да ве интересира

Со премиерата на филмот „М“ отворен 22. CINEDAYS

Заврши 21 издание на „Синедејс“

Ана Ололовска

Филмот „Мими“ вечерва го отвора Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“

Горан Наумовски

Премиера на филмот „Синиот час“ на 13-ти јули во МКЦ парк кино

Ана Ололовска

Започнува меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS

Отворање на Синедејс 2022 со македонската премиера на играниот филм „Мими“

Ана Ололовска