Васил Толевски од Скопје победник на конкурсот за афоризам во Кочани

Од:

Афористичарот од Скопје Васил Толевски ја доби првата награда на Конкурсот за најдобар афоризам што го распиша здружението Афористичка репрезентација на Македонија, под наслов „Луди и збунети“.

– Втората награда му припадна на Јане Атанасов и третата на Марјан Ангеловски, млад, надежен афористичар од Скопје, изјави Јане Атанасов, претседател на Здружението Афористичка репрезентација на Македонија.

На конкурсот учествувале 14 автори од Македонија, а победниците ги избра жири во состав Миле Ѓоргијоски, минатогодишен победник, Доне Донев и Никола Талески од Битола.

Жирито додели уште три награди – специјална награда за Наташа Ќурчинска и дипломи за Ристо Филчевски и Александар Кузмановски.

Специјалната плакета за истакнати личности кои придонеле за развој и промовирање на македонскиот хумор и сатира годинава ќе ја добие познатиот афористичар, хуморист, автор и поет Љупчо Силјановски.

Наградите и признанијата ќе бидат доделни на петтата Вечер на македонскиот афоризам, која ќе се одржи на 31 март во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Би можело да ве интересира

Вечер на македонскиот афоризам по деветти пат во Кочани

Ана Ололовска

Вечер на афоризми на „Струмица опен фестивал“

Ана Ололовска

“Обесена на врат”-книга со еротски афоризми од Ленче Стоименова

Anela Petrova

Ново џебно издание на афоризми од Миле Ѓорѓијоски

Ана Ололовска

„Вечер на македонскиот афоризам“ во Кочани

Наум Локоски

Афоризми од Ленче Стоименова во српското издание „Жена и афоризам“

Ана Ололовска