Вајарката Софија Грабулоска изложува во Берлин

Од:

„Што се случи со експресивното сликање“ е насловот на изложбата на македонската вајарка Софија Грабулоска чија изложба берлинската публика може да ја види во наредниве 10 дена во „Прима Центарот“ во главниот град на Германија.

Грабулоска во Берлин се претставува со изложба која има за цел да експериментира и да го објасни на процесот на добивање на тродимензионален објект од дводимензионален цртеж.

Прикажаните цртежите со кои се експериментира се со нагласена контрасност, црно-бело, и експресионистички, а тродимензионалните објекти кои се дел од изложбата се добиваат со помош на новата, иновативна 3Д технологија.

Основна алатка за експериментите на македонската уметница е 3Д печатачот Cubify, со чија помош се добиваат 3Д објектите. Целта е да се покаже дека 3Д печатачот, ќе стане новата алатка во уметноста а новите термопластичниматеријали ќе внесат нова текстура, волумен, тежина на уметничките дела. Според Грабулоска ќе се смени и оригиналноста на уметничките дела. Според неа, со употреба на 3Д печатачите во уметноста се надминуваат досегашните вајарски правила, а сепак се останува во светот на скулптурата.

Софија Грабулоска е родена во Прилеп, Македонија во 1981 година. Завршила Факултет за ликовни уметности отсек вајарство со конзервација и реставрација во класата на Проф. Жарко Башески на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје,2006. Магистрирала на отсекот вајарство, на истиот факултет на тема “ Употреба на 3д принтери во вајарство”. Учествувала на повеќе изложби во Македонија и во странство.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“