Утврдена програмата за фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Од:

Фолклорни ансамбли, групи и културно уметнички друштва од Чиле, Чешка, Хрватска, Грција, Словенија и од Македонија ќе ја исполнат програмата на 47. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ кој од 29 јули до 1 август ќе се одржува во Битола.

Во Центарот за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот се подготвени за пречек на над 1.000 фолклористи, играорци, стручни лица и инструменталисти кои, како што вели Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола, се подготвуваат цела година за својот репрезентативен настап на најстариот фестивал во градот.

-Единствениот фестивал на народни песни и игри во Македонија и годинава на публиката ќе и ја понуди традиционалната изворна песна, игра и обичаи. Продолжуваме да го негуваме новото руво на фестивалот односно интернационалната димензија која ја востановивме пред 10 години и тоа ни овозможува да го зголемиме нивото на програмата и секако повеќе публика, посочи Димитровски.

На фестивалските сцени во Битола ќе настапат ансамблот „Лос дел Био Био“ од Чиле, „Полтана“ од Брно-Чешка, АФС „Франце Маролт“ од Љубљана-Словенија, „Филои Тис Парадосис“ од Кожани-Грција, а ќе гостуваат и три ансамбли од Хрватска.

– Македонското културно уметничко друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек го негува македонскиот фолклор, КУД „Петофи Пандор“ од Ласлово го негува унгарскиот фолклор додека третото КУД од Хрватска, „Петар Прерадовиќ“ од Ѓурѓевац го негува хрватскиот фолклор. Но заслужено внимание ќе имаат и 30 македонски фолклорни групи кои освен на дефилето ќе настапат и во Старата битолска чаршија, Магазата, на Широк Сокак и на античкиот локалитет „Хераклеа“ каде ќе биде завршната интернационална фестивалска вечер,истакна Димитровски.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ има натпреварувачки карактер, а се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска