Уште во бронзено време имало живот кај неготинско Тремник, покажуваат археолошките истражувања

Од:

Уште во бронзено време имало живот кај неготинско Тремник, покажуваат археолошките истражувања на локалитетот Мали дол. За ова денеска информираше Драгица Чекорова, директор на Музеј на град Неготино.

– Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект “Археолошки истражувања на Мали Дол, село Тремник”, во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес, како резултат на соработката помеѓу НУ „Археолошки Музеј на Македонија“ и ОУ „Музеј на град Неготино“. Во рамки на овие археолошки ископувања пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи), појасни Чекорова за МИА.

Сите погребувања од некрополата Мали Дол, нагласи, вклучувајќи ги и средновековните, укажуваат на нејзино долготрајно користење и континуитет во развојот.

– Генерално, кога ќе се соберат сите релевантни факти како гробните ритуали, движниот археолошки материјал и антрополошките остатоци, можеме да реконструираме слика на постоење на една зедница од крајот на бронзеното време, кој со сите специфики припаѓаат на Уланечката културна група, додаде таа.

Целата приказна е преточена во археолошка изложба “Некрополите на Мали Дол“, од село Тремник, Неготино, финансирана од страна на Министерството за култура на Република Македонија, според програмата за проекти од национално значење. Чекорова ја најави изложбата за во среда, во 13 часот.

На изложбата ќе бидат претставени 54 предмети од археолошкиот локалитет “Мали Дол“ поставени во стаклени витрини, 4 банери и 1 рекламно пано.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино

Општина Неготино ќе плати дел од трошоците за лекување на младата Матеа Стаменова

Предраг Петровиќ

Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски