Уредување на просторот околу археолошкиот локалитет Моробиздон

Од:

Општина Зрновци започна со тампонирањето и поставување рабници на двете улици околу археолошкиот локалитет Моробиздон,лоциран во населеното место Мородвис.

– Општината се зафати со уредување на просторот околу локалитетот за негова поголема достапност до туристите и останатите посетители кои секојдневно доаѓаат. Двете улици околу локалитетот кои се поврзуваат со асфалтната улица од влезот во населбата, ќе бидат поплочени со бекатон плочки. За оваа намена се обезбедени средства во износ од 30 илјади швајцарски франци од Швајцарската влада преку програма која се реализира од Источниот плански регион и нашата општина, изјави Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Според идејното решение подготвено од општината, во непосредна близина на археолошкиот локалитет ќе се гради рекреативен простор со летниковец, содржини за престој и одмор на туристи, се со цел археолошкиот локалитет Моробиздон и неговите четири цркви бидат подостапни до посетителите.

Општината, истакна Станков, неодамна го исчисти просторот во внатрешноста на локалитетот кој беше обраснат со дрвја и трева,како дел од акцијата чиста и зелена општина.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска