Универзитетската библиотека во Штип доби донација од 1.500 нови примероци книги

Од:

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денес доби нови 1500 примероци, односно 340 наслови како донација од градежната фирма „Бетон-Скопје“.

Донацијата се состои во изданија од различни жанрови: научни дела, енциклопедии, монографии, прирачници, лектири, детска литература, а најголем број од изданијата се дела од македонското книжевно творештво.

На свеченото примопредавање присуствуваа претседателот на Uправниот одбор на компанијата „Бетон-Скопје“, градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, како I писателот и сопственик на издавачката куќа „Матица“, Раде Силјан, кој беше задолжен за изборот на делата.

Директорката на библиотеката, Орхидија Лазарова, упати голема благодарност до донаторите и притоа истакна дека ваквата донација е повеќе од добредојдена.

Директорот на „Бетон“, Дејан Нешковиќ истакна дека ова нема да биде последна донација од ваков вид, а се надева дека овие 1500 книги ќе им овозможат на штипјани да ги продлабочат своите знаења и да ги подобрат своите вештини.

M.Р.

Би можело да ве интересира

По трагедија во Кочани: Штипјани рекоа „Доста е“

Протест во Штип: Сите да ја добијат својата казна

Акуо го предводи одржливиот развој: Одржана работилница за зелена енергија во Штип

A1on

Изгоре кровната конструкција на куќа во Штип

Почувствуван земјотрес во Штип и околината

Со закани изнудиле 500 евра, запалиле автомобил – притвор за двајца штипјани