Турскиот театар ќе настапи на меѓународни фестивали во Турција

Од:

Со претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир во режија на Александар Поповски денеска и утре Турскиот театар ќе учествува на 2. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји што се одржува во Бурса, Турција.

Во претставата настапуваат Атила Клинче, Сузан Акбелге, Тамер Ибрахим, Осман Али, Селпин Керим, Филиз Ахмет, Слаѓана Вујошевиќ, Аксел Мехмет, Џенап Самет, Неат Али, Ерман Шабан, Ријад Тахир, Салаетин Билал, Росана Стефанова и Сара Цветковска.

Гостувањето е на покана од Советот на фестивалот.

Во рамки на турнејата, Турскиот театар ќе учествува и на 17. Меѓународен театарски фестивал „Сабанџи“ во Адана каде ќе настапи на 30 и 31 март.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска