По повод објавувањето на книгата „Идентитет и суверенитет“ од проф. д-р Димитар Мирчев, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе се одржи трибина на тема Идентитет и суверенитет.
За новата книга на проф. д-р Димитар Мирчев ќе говорат проф. д-р Владо Поповски и д-р Владимир Цветкоски, а делови од најновата научна студија на авторот ќе интерпретира актерот Томе Витанов.
На трибината ќе се разговара за релациите помеѓу идентитетот и суверенитетот, тема за која во Македонија многу малку се знае а секогаш предизвикува големо внимание.
Новата книга на професорот Мирчев претставува успешно продолжение на двете негови претходни книги кои се однесуваа на балканските национални проблеми и на трите македонски пролети.