Три претстави на третата вечер од „Војдан Чернодрински“

Од:

Три претстави од кои две во официјалната конкуренција ќе бидат одиграни вечер на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Од 19:30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е „Хамлет во пикантен сос“ во изведба на театар „Комедија“ од Скопје, од 22 часот во народниот театар „Војдан Чернодрински“ е „Живот под кирија“ во изведба на Албанскиот театар од Скопје, додека на полноќ, како дел од придружната фестивалска програма, во Прилепскиот народен театар публиката ќе може да ја види „Шах-мат, љубов моја“.

cernodrinski2014

„Хамлет во пикантен сос“ по текст на Алдо Николај го режираше Александра Кардалевска, „Живот под кирија“ е на Рефет Абази и во режија на Лука Кортина, а „Шах-мат, љубов моја“ во режија на Ивана Ангеловска ја напиша Мила Јовановиќ Јовановиќ, студент по драматургија во класата на вонредниот професр Маја Стевановиќ.

Синоќа прилепската публика имаше несекојдневна можност да патува во Скопје и во новиот објект на МНТ да ја гледа „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски. Сите 617 влезници беа продадени.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска