Трето издание на „Скрипт фест“

Од:

Во Културниот центар „Феникс“ денеска и утре ќе се одржува 3. Меѓународен фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест 2014“, организиран од Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ од Скопје.

Фестивалот ќе го отвори проф. д-р Александар Прокопиев од Институтот за македонска литература – Скопје. Ќе бидат врачени наградите  на годинашните добитници: „Скрипт феникс“ на Константин Плевнеш од Универзитетот ЕСРА Скопје-Париз-Њујорк за развој на филмската култура; „Скрипт презент“ на Сунчица Уневска од „Утрински весник“ за долгогодишен придонес во филмската уметност; „Скрипт фест“ на авторот Кузман Клековски за неговиот ангажман и придонес на планот на филмот.

Специјално признание, наградата „Скрипт мост“, ќе му биде доделена на Раде Шербеџија за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности.

По врачувањето на наградите, Ана Опачиќ од Универзитетот ЕСРА Скопје-Париз-Њујорк ќе одржи работилница на тема „Сценарио за филм“, а утре на тема „Филмското сценарио денес – меѓу желбите и реалностите“ ќе говори  проф. д-р Христо Петрески.

На фестивалот „Скрипт фест“  ќе бидат прикажани повеќе краткометражни и документарни филмови, а ќе бидат промовирани  и филмски изданија од Нишкиот културен центар и издавачките куќи „Феникс“ и „Маска“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ