Трета манифестација „Фолклорни игри под Шара“

Од:

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка” од Тетово вчеравечер ја организираше третата манифестација „Фолклорни игри под Шара“ која се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. Оваа манифестација беше можност за претставување на фолклорот на сите народи кои живеат околу Шар Планина.

Народната игра на Македонците и Србите ја претставија членовите на домаќините, Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово и КУД „Брвеница“ од Брвеница, додека на Бошњаците КУД „Диванхана“ од Сарај. Албанскиот фолклор беше претставен преку народната поезија во изведба на тетовскиот актер Бурхан Амити. Дел од програмата беа вокални и инструментални солисти: Тимко Чичаковски на канон, Ернес Ибраимовски, кој исполни една ромска песна и вокалниот солист на Здружението Драгиша Аврамовски.

-Манифестацијата „Фолклорни игри под Шара“ е место каде фолклорот на сите народи кои живеат во пазувите на нашата горда Шар планина ткајат килим од звуци, песни, игри и приказни во разни бои. Поради разнобојноста, планината е шарена, поради убавината, таа гордо се извишува. Вечерва Шар Планина ја направиме уште поубава претставувајќи го богатството на фолклорот на народите кои живеат под нејзините прегратки. На претходните две манифестации фолклорот на народите го претставуваа само културно-уметнички друштва. Изминатата година мошне неповолно се одрази врз работата на овие друштва, па затоа вечерва фолклорот ќе го видиме во неколку форми: низ игра, песна, народна книжевност и народен инструмент, изјави Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово е формирано 1992 година.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска