Во Македонската опера и балет вечер ќе се одржи најпопуларната и најизведувана оперска претстава „Травијата“ на Џузепе Верди.
Претставата ја режираше гостинката од Бугарија Нина Најденова. Насловната улога, Виолета Валери, (Травијата) првпат ќе ја игра сопранот Билјана Талевска-Јосифов, Алфред Жермон ќе го толкува тенорот Зоран Сотиров, додека Жорж Жермон, ќе го интерпретира, баритонот Ристе Велков.
Настапуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет, а диригент е Иван Еминовиќ.