Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Од:

Националната опера и балет за 27 ноември од 19 часот најави ексклузивен оперски гала концерт и во истата вечер – балетот „Болеро“ од Морис Равел.

Солисти на оперскиот концерт ќе бидат сопранистките Весна Ѓиновска-Илкова и Катерина Стојановска, тенорот Ѓорѓи Цуцковски и басот Владимир Саздовски, во придружба на оркестарот на НОБ под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел од вечерта в петок публиката ќе има можност да го проследи и балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова. Ќе настапат Женскиот балетски ансамбл, сопранот Катерина Стојановска и Оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на концертот. Билетите се во ограничен број.

Би можело да ве интересира

Концерт на НОБ на свеченото затворање на 44. Денови на македонска музика

Ана Ололовска

„Палјачи“ репризно во вторник, НОБ му ја посветува операта на Фимчо Муратовски

Катерина Павлова-Николовска

Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 30 септември премиерно во НОБ

Ана Ололовска

„Романтична балетска вечер“ со дела од данскиот кореограф Бурнонвил

Ана Ололовска

Премиера на „Игри на животот“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Националната опера и балет со велигденска онлајн премиера на Стабат Матер

Ана Ололовска