Културно – уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце денеска го организира традиционалното осмо по ред издание на манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2021 година.
Манифестацијата ќе се одржи во дворот на црквата Св. Димитриј во село Теарце, ќе започне со дефиле на учесниците, а подоцна ќе следи целовечерен концерт. Манифестацијата ќе се реализира според препораките и протоколите за заштита од Ковид – 19, информира Сашо Костадиновски, етнокореолог во Културно – уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“.
На манифестацијата ќе настапат претставници на КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, како и гостите: Ансамбл „Етнос“, Ансамбл „Ѓорче Петров“, ВИС „Аманет“, музичка група “Ќустек”, Дарко Гавровски – Гавро.