Традиционална манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“ во Скопје

Од:

Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ по 20. пат ја организира манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“, која годинава е под знакот на 109 – годишнината од раѓањето на Св. Мајка Тереза“, којашто традиционално се одвива од 26 август до 5 септември.

Манифестацијата ќе започне денеска (10:00) на датумот кога е родена „Св. Мајка Тереза“, со положување цвеќиња на спомен – плочата на местото на нејзината родна куќа во центарот на Скопје и пред нејзиниот споменик на улица „Македонија“. Активностите продолжуваат во 11 часот во Домот на АРМ, каде сликарот и хуманист Живко Поповски – Цветин ќе ја отвори изложбата на ликовни дела и фотографии посветени на Св. Мајка Тереза и на фотографии на старо Скопје, по што ќе биде промовирана збирката песни „Со почит кон Мајка Тереза“ од група автори.

На 5 септември денот на упокојувањето на Св.Мајка Тереза, во Домот на АРМ со почеток во 20 часот ќе се одржи свечена академија на која ќе бидат доделени традиционалните посланија за хуманост и статуетки со ликот на Св. Мајка Тереза на истакнати хуманисти и здруженија. Годинешни добитници се: граѓанските хуманитарни здруженија „Банка за храна“ (претседател Душко Христов) и „Еурохуман Интернационал“ (претседател Сејфула Бектеши), Општина Центар (градоначалник Саша Богдановиќ), Месната заедница Ласкарци – Општина Сарај, Мики – Ли Мијалчиќ – заменик командир во Полициската станица Центар, Сергеј Самсоненко – бизнисмен и хуманист и Свето Стаменов – новинар на Македонското радио – Радио Скопје, публицист и хуманист.

Во музичкиот дел на манифестацијата ќе настапат Мандолинскиот оркестар при МКЦ – Скопје со солистот на обоа Вултет Назири, под диригентство на Ванчо Јовчев, оперската певица Серафина Фантаузо, а музички партитури на виолина и пијано ќе изведат Ева и Марија Богоевски. Водител на програмата ќе биде Билјана Дебарлиева.

Би можело да ве интересира

Пожар во бараката на Управата на Клиничкиот центар во Скопје

Индија забрани организацијата Мајка Тереза да се ​​финансира од странство

Османи во Ватикан по повод одбележување пет години канонизација на Мајка Тереза

А1он

Почнува културната манифестација „Светлото на Гонџе“

Ана Ололовска

Со свечена академија завршуваат 21. „Денови на Св. Мајка Тереза“

Ана Ололовска

Џафери: Мајка Тереза е симболот на бескрајната хуманост, на љубовта кон човекот, на грижата и сочувството кон болните и сиромашните

Ана Ололовска