Традиционална „Македонска етно венчавка“ во Новаци

Од:

Општина Новаци годинашното културно лето, викендот го заврши со традиционалната манифестацијата „Македонска етно венчавка”.

Годинава вниманието го задржа брачната двојка Магда и Симон Пивковски од село Могила кои се венчаа по 52 години заеднички живот, истакна Катерина Чукалевска, раководител на секторот за односи со јавност во општина Новаци.

– Свечениот настан, македонската етно венчавка се одржа во црквата „Св.Атанасиј“ во селото Новаци каде беше приредена венчавка на невестата Магда Пивковска (70 г.) и зетот Симон Пивковски (73 г.) кои живеат во соседното село Могила. Тие посочија дека заради различни околности биле невенчани, и дека се радосни што в црква се венчале, а веднаш по венчавката општина Новаци им приреди свадбена веселба, истакна Чукалевска.

Во рамките на манифестацијата се одржа и „Ревија на македонски народни носии” на која учествуваа претставници од повеќе региони во Македонија.

– Најдобрите и најавтентични носии беа наградени од стручна жири комисија, посебно се истакнаа учесниците од Радовиш. Годинава манифестацијата беше збогатена и со гастрономски натпревар на кој беа претставени традиционални и автентични јадења со кои се претставува богатата ризница и богатото културно наследство за регонот на Пелагонија и Република Македонија. На манифестацијата учествуваше КУД „Новаци“ и други културно уметнички друштва од регионот кои ја збогатија програмата, потврди Чукалевска.

Манифестацијата „Македонска етно венчавка“ се одржува под покровителство на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски а носител на манифестацијата е Центарот за едукација и негување на традицијата и фолклор „Етно Илинден“-Битола и Центар за обука и примена-Битола.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска