Театарот за деца и младинци освои награда на фестивал во Крагуевац

Од:

Театарот за деца и младинци ја освои наградата за колективна актерска игра на 16. Меѓународен куклен фестивал „Златна искра“ во Крагуевац.

Македонскиот театар гостуваше со претставата „Бескрајни соништа“ која минатата година освои награда за оргиналност и фантазија на фестивал во Суботица.

Во претставата играат Татјана П. Кочовска, Ана Левајковиќ-Бошков, Марија Ѓорѓијовска, Наташа Петровиќ, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски и Ненад Митевски.

– Со оваа награда Македонија уште еднаш покажа дека го има еден од најквалитетните детско-куклени театри во регионот и пошироко, се наведува во денешното соопштение од Театарот за деца и младинци.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска