Театар Комедија снима документарец за актерката Анче Џамбазова

Од:

Театар Комедија снима документарец за актерката Анче Џамбазова Националната установа Театар Комедија започна да снима документарен филм за големата актерка Анче Џамбазова. Од театарот велат дека овој филм ќе биде под режисерската палка на Миле Гроздановски, а сценариото го изработи Гоце Трајковски.

Во филмот ќе бидат прикажани разни аспекти од животот и кариерата на големата актерка Анче Џамбазова, а премиерата на документарецот ќе биде во рамките на Фестивалот ,,Гола Месечина”, односно на последната вечер од
фестивалот (9 септември).

Инаку, Фестивалот е под покровителство на Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин, а ќе се одржи од 2 до 9 септември годинава.

Би можело да ве интересира

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Разрешената директорка на Театар Комедија: Имав притисоци од министерката Стефоска да дадам оставка

Стефоска пред заминување ја разреши директорката на Театар комедија, по месец дена откако ја назначи

Кристијан Ландов

Стефоска ги информирала вработените во Театар комедија дека е објавен оглас за нов директор

А1он

Шаќири: Бев разрешена оти казнив вработен кој без образложение не доаѓаше на работа

A1on

(ВИДЕО) Бунт на вработените во „Театар Комедија“: Доколку Нора Шаќири не е соодветен кадар, Дарко Спасов да биде в.д. директор

Ландов