Театар Фабрика стартува со премиера на „Вејка на ветрот“

Од:

Театар Фабрика, формиран од група млади автори, ќе стартува денеска со премиера на претставата „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле која ќе биде изведена на сцената на Драмскиот театар.

Режисерката Ирена Стеријовска на прес-конференција во средата рече дека по повеќе од година ипол ја реализираат идејата за оформување нов независен театар.

– Големината на создавање на една ваква условно независна институција е идеја која нас не водеше низ различни фази. На крај дојдовме со идеја тоа да биде Театар Фабрика, да се отвори со еден култен македонски текст, првата македонска современа граѓанска драма. Оформувањето на Театар Фабрика значи еден наш придонес за македонската независна театарска сцена која сметаме дека треба да се издигне на одредено ниво затоа што театарот сам по себе генерално се случува секаде, истакна Стеријовска.

Најави дека Театар Фабрика по премиерата со „Вејка на ветрот“ ќе продолжи натаму со жанровски различни претстави, кои ќе ги изведуваат на сцени низ Скопје и низ државата, како и на алтернативни простори.

– Секаде каде што вратите ќе ни бидат отворени, ние ќе бидеме таму за да го кажеме своето, вели Стеријовска.

Театарот Фабрика најавува уште една премиера за две-три недели.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска