„Театар 007“ гостува во Белград и Софија

Независната продукција „Театар 007“, на покана од приватниот „Дах Театар“ од Белград, овој викенд ќе гостува во српската престолнина со претставата „Игра“ работена според расказите на Хармс, а во режија на Игор Ивковиќ.

Претставата ќе биде изведена во недела (15 ноември) на сцената на „Дах Театар“ во Белград, а два дена подоцна, поточно на 17 ноември (вторник), „Театар 007“, со истата претстава ќе гостува на сцената на „НБУ Театар“ во Софија, Бугарија.

-Ова гостување е дел од плодната соработка на „Театар 007“ со колегите од регионот и Европа кои како основен принцип на работа е назависното професионално творештво и заложбата за алтернативни и експериментални театарски форми. Со ова гостување „Театар 007“, ќе ја промовира својата плодна неколку годишна работа, а веруваме дека истото ова гостување ќе биде од особен интерес и за отворање нови поглавја во копродукциските проекти, вели Миодраг Костиќ, продуцент на „Театар 007“.

Инаку, претставата „Игра“ премиерно беше изведена во 2009 година. „Театар 007“, со оваа претстава има учествувано на бројни престижни театарски фестивали, а во 2013 година, на фестивалот „Театрален куфер“ во Минск, Белорусија, ја освои наградата за „Најдобра претстава со невербална комуникација“.

Во претставата играат: Филип Кипровски, Фаик Мефаилоски, Ангела Наумоска, Јана Пауноска, Илина Матеска, Дарко Богески, Стефан Петровски, Анастасија Ашкилова.

Би можело да ве интересира

Почнува 17. издание на фестивалот „Актерот на Европа“

Ана Ололовска

„Црнила ремикс“ ќе гостува во Нови Сад и Загреб

Ана Ололовска

Велешкиот театар со „Црвенкапа“ гостува во Пустец

Ана Ололовска

Фестивалот „Гола месечина“ оваа година ќе се одржи во септември

Ана Ололовска

„Битола Шекспир фестивал“ завршува со претставата „Крал Иби“

Ана Ололовска

„Недоразбирање“ – премиера на Кумановскиот театар

Ана Ололовска

Leave a Comment

three × 4 =