Светски ден на театарот за деца и млади, 20-ти Март

Од:

Кога ќе се направи театар за деца и млади луѓе, сееме неизмерна моќ и непосредност на откривање „повеќе“, радост, смеа, љубопитност, ненадејна реализација, промена во перцепцијата, солзи на емпатија, смисла на чудење и на длабока апсорпција, повеќе од она што значи да се биде жив.

Ова е дел од годинашната порака на Питер-Дирк Ајс, актер и писател од Јужна Африка, по повод Светскиот ден на театарот за деца и млади, 20 Март.

– Верувам дека оние од нас кои го прават театарот за деца и млади луѓе, тоа го прават за таа прецизна причина, да се разбуди во секое дете сфаќањето дека навистина има „повеќе“, многу повеќе, и многу повеќе, вели Ајс.

Според Ивет Харди, претседателка на Меѓународната организација на театри за деца и млади (АССИТЕЈ),  напишано е многу за вредноста на уметноста, направена е битна работа од светски рамки за истражување на нејзините моќни ефекти врз децата преку студии во невронауките, невро-образованието, развојната психологија и сродните полиња но, и покрај тоа, постои ниво на кое влијанието врз публиката останува таинствено и немерливо.

– Се работи за длабок и уникатен спој на театарското дело со публиката, во одреден простор и време, што го прави театарот толку непредвидлив и возбудлив. Неодамна ме потсетија на изреката: „Можете да ги пресметате семињата во јаболкото, но не може да ги пресметате јаболката во семето“. Влијанието на искуството на театарот врз децата и младите е невозможно да се измери точно, но верувам дека е содржано во потентноста на семето за безброј јаболка, истакнува Харди.

Светски познатиот детски писател Мајкл Морпурго смета дека моќта на театарот, за млади или за стари, лежи во соработката на приказни и идеи, актери и публика. Сите тие ја прават и живеат претставата заедно, врзани во ист имагинативен потфат.

– Шекспир еднаш напиша: „Претставата е нешто…“ и беше во право, но не сосема. Всушност, приказната е нешто, а претставата е најмоќниот начин на раскажување на таа приказна, нагласува Морпурго.

За млади луѓе, кои првпат доаѓаат во театар ефектот е електрифицирање. Приказната, спектаклот, музиката, осветлувањето, движењето, звукот, актерите се случуваат во живо, пред нивните очи. – Такво искуство може да го промени животот на младиот човек. Не информира и збогатува сите нас, додава писателот.

Светскиот ден на Театарот за деца и млади луѓе 2013 се одбележува преку кампањата „Земи дете на театар денес“. Театарска младина на Македонија како национален центар на АССИТЕЈ упатува честитки до сите театарски уметници на Република Македонија кои подготвуваат и изведуваат претстави за деца и млади и големи честитки за најверната публика – децата и младите на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска