Светска награда за посветеност на квалитет за „Остен“

Од:

Галеријата „Остен“ доби Светска награда за посветеност на квалитет од БИД (Business Initiatives Directions). Наградата World Quality Commitment Award им се доделува на компании / организации од сите области на бизнис и општествено делување, кои се посветени на спроведување на културата на квалитет, иновативност и извонредност при реализација на своите активности.

– Оваа награда „Остен“ ја добива за својата иновативна и уникатна перспектива за една значајна уметничка форма – цртежот, за својата импресивна и промислена колекција на цртежи, за сите иницијативи кои помагаат подобро да се разберат и повеќе да се ценат уметниците во целиот свет и за воспоставување глобално препознатлив глас на уметничкиот свет од Скопје, Македонија. Наградата за квалитет на БИД е меѓу најпрестижните признанија за извонредност на една организација во светот, информира „Остен“.

Кандидатите се номинираат по предлог на лидерите од претходно наградените компании, а потоа интернационалниот комитет за селекција на Наградата за квалитет на БИД ги избира компаниите/организациите кои наградите ги добиваат во Њујорк, Париз, Женева, Франкфурт, Мадрид или во Лондон.

Врачувањето на наградата за „Остен“ ќе биде на 16 октомври во хотел „Хајат Регенси“ во Париз од претседателот на БИД Хозе Е. Прието.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска

„Остен“ одбележува 75 години со две изложби од 1 до 10 октомври

Ана Ололовска

Изложба на слики, цртежи и графики од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“

Ана Ололовска

Завршува „Остен биеналето на наградени автори 2019“ во Охрид

Ана Ололовска