Светска галерија на карикатури – Скопје 2014

Од:

Во галеријата Остен вечер ќе биде отворена 42. Светска галерија на карикатури – Скопје 2014 на која и официјално ќе се објават имињата на годинашните добитници на наградите и посебните признанија.

Според оценката на жирито, прва награда за карикатура ќе добие Валериј Момот од Украина, прва награда за стрип Валентин Дружинин од Русија, прва награда за сатиричен цртеж Лук Вернимен од Белгија, а наградата Цицо за македонски карикатурист оди кај Петар Митров.

Ова издание на традиционалната Светска галерија на карикатури го одбележаа досетливи и провокативни дела, кои преку призмата на комичното покажуваат како изгледа светот денес. Од таа богата конкуренција на нацртани идеи и пораки, произлегоа и одлуките на жирито.

Посебни награди ќе им бидат врачени на Рамзес Моралес од Куба, Слободан Срдиќ од Србија, Лук Дешемекер од Белгија, Ерај Озбек од Турција, Јири Новак од Чешка, Владимир Павлик од Словачка, Божидар Божо Стефановиќ од БиХ, Павел Константин од Романија, Дарсоно од Индонезија и Фенг Гуибо од Кина.

Пристигнатите 764 карикатури, стрипови и сатирични цртежи,  дела на 229 карикатуристи од 52 држави, беа оценети од петчленото жири во состав Џавад Ализадех од Иран, карикатурист, основач и уредник на магазинот „Танз-О-Карикатура“, Марлене Похл од Германија, карикатурист и илустратор, генерален претседател на ФЕКО, Ленг МУ од Кина, карикатурист и директор на Музејот на карикатури GooglM, Мидхад Ајановиќ АЈАН од Шведска, карикатурист, автор на анимирани филмови, публицист и Мице Јанкуловски од Македонија, карикатурист и директор на ОСТЕН.

Според Иранецот Џавад Ализадех, кој и пред 28 години бил член на жирито на Остен, преку карикатурата како медиум треба да се промовираат толеранцијата, умереноста и мудроста. Тој ефект го имаат и карикатурите на годинашните учесници на Светската галерија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи