Свечености по повод 74-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј

Од:

Во рамки на свеченостите по повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј и одбележувањето на Денот на светите браќа, кој воедно е и патронен ден на Универзитетот, денеска во рамки на универзитетскиот кампус ќе биде положено цвеќе на нивниот споменик.

Вечер, во Македонската филхармонија ќе се одржи Свечена академија која ќе почне со интонирање на државната химна на Република Северна Македонија, свечената химна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тудентската химна „Гаудеамус“.

Пригодна реч на Академијата ќе одржи ректорот на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски, по што ќе следува уметничка програма на ансамблите на ФМУ – Скопје. 

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите