Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

Од:

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети.

– Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации, големи собири по кампуси нема да се организираат, како што беше првично планирано. Активностите за искажување на почит и сочувство ќе можат да се организираат на ниво на факултети, по иницијатива на факултетските студентски собранија, а УСС-УКИМ ќе понуди логистичка помош, се наведува во соопштението од УСС-УКИМ.

Оттаму повторија дека на првиот собир од нивна страна не била поканета министерката за образование.

– Министерката од наша страна не беше поканета да присуствува, ниту да одржи говор. Нејзиниот говор, самото одржување, како и неговата содржина не беа во агендата на одвивање на настанот. Нашата одлука, за која што со мнозинство се изгласа на состанокот на 16.03, беше само двеминутно обраќање на ректорката во знак на солидарност и изразување сочувство, велат од УСС-УКИМ.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он