Сулаж и Мур добитници на наградите на „Остен биеналето на цртеж Скопје 2018“

Од:

За „Остен биенале на цртеж Скопје 2018“ има се повеќе интерес во светот на уметноста. Добитници на двете главните награди се Пјер Сулаж од Франција-Гран при за животно остварување и Хенри Мур од Обединето кралство, кој посмртно добива награда Светско културно наследство. Ова на денешната прес-конференција го соопшти извршниот директор на Остен Корнелија Конеска.

– Овие две награди ги објавуваме порано, во текот на конкурсот на Биеналето на цртеж. Тоа е отворен повик за сите уметници од светот и кај нас веќе стигнуваат нивните пријави. Двете главни награди се одлука на Советот на амбасадори на Остен, што секогаш предлага повеќе автори, меѓу најголемите светски уметници во светот, рече Конеска.

Таа информира дека со Сулаж се сретнале минатата недела, на 14 март 2018 година, во неговиот дом во Сет, Франција за да му ја врачат статуетката Гран при. Автор на статутката за наградата Гран при е Петар Хаџи Бошков.

Конеска информира дека годинава селектор на Биеналето на цртеж е Лука Курчи од Италија, а интернационално жири го сочинуваат Мелани Зеферино од Велика Британија, Манос Стефанидис од Грција и Соња Абаџиева од Македонија. Рокот за пријавување е до 30 април 2018 година, а досега пријавени се околу 100 автори или вкупно 300 дела. Годинава намногу впечаток оставаат авторите од Полска, Турција, Германија и Словенија.

Во просториите на Остен има изложба на фотографии и видео од самата средба и чинот на доделувањето на наградата на Сулаж, а изложени се неколку дела од Херни Мур од колекцијата на Остен Музејот на цртеж.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска

„Остен“ одбележува 75 години со две изложби од 1 до 10 октомври

Ана Ололовска

Изложба на слики, цртежи и графики од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“

Ана Ололовска

Завршува „Остен биеналето на наградени автори 2019“ во Охрид

Ана Ололовска